Cryo-Save logo CryoSave

Aкредитации

  • AABB

    Американска асоцијација на крвни банки

    ААВВ е професионално тело и организација за стандарди базирана во САД, која е основана во 1947 под името Американска Асоцијација на Крвни Банки. Нејзината Програма за Акредитација има за цел да ги подобри квалитетот и безбедноста на колекцијата, процесирањето, тестирањето, дистрибуцијата и администрирањето на крв и производи од крв. Програмата за Акредитација ги проценува квалитетот и оперативните системи во рамките на самиот објект каде се работи со примероци од крв.

    Се однесува на:
    Дубаи
    Niel Cryo-Save лабораторија, Белгија
    Stichting Cryo-Save, Холандија

  • FAMHP

    Федерална агенција за медицински здравствени производи (FAMHP): институција за обработка и чување на ткиво

    Федералната агенција за медицински и здравствени производи (Federal Agency Medical Health Products (FAMHP). е компетентно тело за медицински и здравствени производи во Белгија. Во интерес на јавното здравство, FAMHP e исклучително внимателена кога станува збор за квалитетот, безбедноста и ефективноста на лековите и здравствените производи.

    Се однесува на:
    Белгија

  • WHO GMP

    Светска здравствена организација Добра Производна Пракса

    Добра Производна Пракса (Good Manufacturing Practice - GMP) е елаборативен збир на регулативни начела за производство и тестирање кои го осигуруваат квалитетот на еден прозвод. Во процесот на обезбедување на квалитет, GMP осигурува дека производите се доследно произведени и контролирани според стандардите за квалитет кои се соодветни за намената на производот и дека истите се во согласност со регулативите за ставање во промет. Во Cryo-Save, GMP акредитацијата се применува во процесите поврзани со ткивото од папочната врвца.

    Се однесува на:
    Белгија

  • ISO 9001:2008

    ISO 9001:2008

    ISO9001:2008 ги специфицира условите за системот со менаџирање на квалитет каде една организација: мора да демонстрира способност доследно да обезбеди производи кои се во согласност со потребите на клиентот и со законските регулативи; има за цел да го подобри задоволството на клиентите преку ефективна примена на условите на ISO9001:2008 и процедури за континуирање подобрување на системот земајќи ги во предвид потребите на клиентот и актуелните законски регулативи.

    Се однесува на:
    Белгија

  • Сертификат за Одговорност за производите (Product Liability)

    Сертификат за Одговорност за производите (Product Liability)

    Се однесува на:
    Cryo-Save Групација

  • Министерство за јавно здравство, благосостојба и спорт: Акредитација за банка за ткива

    Министерство за јавно здравство, благосостојба и спорт: Акредитација за банка за ткива

    Се однесува на:
    Cryo-Save ткивна банка