Cryo-Save logo CryoSave

Кои сме ние


Чекори за зачувување! Кликнете овде!

Повеќе од 250 000 примероци

Cryo-Save приватна ткивна банка, со повеќе од 250,000 зачувани примероци, е водечка семејна банка за матични клетки во Европа.

Ние сме акредитирани како Лиценцирана банка за органи и ткива за собирање, анализа, обработка, складирање на матични клетки од крв од папочна врвца и ткиво од папочна врвца

Основана во 2000-та

…..година, Cryo-Save е активна во индустријата со матични клетки повеќе од 12 години. Нашата одамна воспоставена професионалност и стручност е призната од страна на медицинската заедница и сега нудиме интернационална услуга во повеќе од 70 земји на шест континенти.

Вашиот примерок се одржува безбедно се до времето кога би можел да Ви затреба. Со целосно родителско барање и согласност, многу примероци веќе се ослободени од нашите капацитети за третмани.

Да го одберете Cryo-Save значи:

  • Квалитет: Ви ги гарантираме највисоките стандарди за квалитет во однос на транспортот, обработката и безбедноста на зачуваните матични клетки од Вашето бебе кога чувуваме крв од папочна врвца. Неколку Cryo-Save примероци се успешно искористени за трансплантација со матични клетки, уште една причина да зачувате матични клетки.
  • Професионална стручност: Со повеќе од 12 години активност во криопрезервација, повеќе од 20 лекари и 40 лабораториски техничари, ние сме банка за матични клетки со најголемо искуство во Европа, која ги разбира потребите за зачувување на крв од папочна врвца.
  • Двојно чување: Ние го користиме системот на двојно чување, што значи дека матичните клетки се чуваат независно во два одделни компартманти, заради дополнителна безбедност. Оваа практика има дополнителна придобивка за зголемување на нашите терапевтски опции, бидејќи не мора да го ослободиме целиот примерок за истражување или третман. Со тоа ја продолжуваме употребливоста на секој примерок кој го чуваме.
  • Акредитации: Ние сме официјално акредитирани како Лиценцирана банка за органи и ткива од страна на холандското Министерство за здравство, Farmatec и белгиското регулаторно тело - FAGG (лабораторија во Белгија), како и ISO сертифицирани (лаборатории во Белгија и Индија), AABB (лаборатории во Дубаи и Индија), и WHO GMP (лаборатории Белгија и Индија).
  • Истражување: Cryo-Save поддржува високо ниво на истражување и соработува со водечки универзитети, доктори и научниците за матични клетки.

Ние се грижиме за семејствата и децата

Cryo-Save постојано настојува да ги подобри своите услуги и да им понуди најдобра можна подршка на своите клиенти, на медицинската заедница и на јавноста воопшто. Благодарение на нашата Програма за општествена одговорност, ги охрабруваме сите наши вработени да преземат активност кои имаат позитивно влијание врз нивната локална заедница. Покрај тоа, Cryo-Save го основа Одборот на родители во 2012 година. Оваа програма дава можност родителите да ги посетат лабораториите на Cryo-Save и да научат повеќе за нашата семејна банка за матични клетки. Ова е уникатна иницијатива да се создаде интеракција помеѓу компанијата и нејзините клиенти и начин да се зајакне транспарентноста на организацијата, давајќи директен увид во својата професионална работа и долгорочни цели.

Многу години, Cryo-Save успешно ја води Програмата за бесплатна семејна донација за семејствата кои сакаат да ги зачуваат матичните клетки од крвта од папочна врвца на своето новороденче за член на семејството кај кого е дијагностицирарано тешко заболување кое може да се третира со матични клетки.