Cryo-Save logo CryoSave

Наша мисија

Зборувај со стручно лице! Контактирајте не нa + 38971389717

Мисија:

Cryo-Save се стреми кон тоа да стане препознатлив како глобален центар на совршеност во чување на возрасни матични клетки и ткива за терапевтски апликации.

Визија:

Cryo-Save верува дека возрасните матични клетки значително ќе придонесат во блиска иднина, за практикување на третман на поголем број на болести и ќе ги зголеми, на долг рок, општите здравствени очекувања.

Корпоративни вредности Транспарентност:

Cryo-Save нуди за сите заинтересирани страни, медицински професионалци и клиенти, сеопфатен поглед на чекорите кои се вклучени во процесот на обработка и чување на матични клетки и редовно се организираат иницијативи кои ги отворат вратите на лабораториите на Cryo-Save за посетители од целиот свет. ( види www.cryo-save.com/labs). Транспарентност исто така значи и достапни за сите финансиски податоци: со тоа што е излистана компанија, Cryo-Save редовно е мониторирана од страна на финансиски контролори и квартално јавно се објавуваат финансиските извештаи.

Професионална експертиза:

Со повеќе од 12 години активност во полето на криопрезервацијата, Cryo-Save на клиентите и професионалците им ја нуди најдобрата know-how технологија во зачувувањето на матични клетки. За да ​се​гарантира највисок квалитет, компанијата на сите свои вработени им овозможува редовни обуки и достапност на најнови информации. Cryo-Save капацитетите за чување се опремени со ултрамодерни апарати за обработка, раководени од тимови на истражувачи и биолози со специфични квалификации.

Грижа за корисници:

Надминување на очекувањата на клиентите е клучна цел за Cryo-Save. Присутни во 70 земји, 70 тимови тимови се на располагање на Cryo-Save клиентите за лична поддршка. Меѓународното и мултикултурното присуство овозможува компанијата да има блиско разбирање на локалните потреби. Бидејќи чувањето матични клетки од бебињата е толку драгоцена можност, Cryo-Save гарантира професионалост, но со личен пристап во сите чекори на услугата.

Општествена одговорност и едукација:

Cryo-Save има за цел да го прошири знаењето за матичните клетки кај луѓето: постојано се организираат едукативни програми за медицински професионалци и посебни обуки за клиенти. Овие активности вклучуваат предавања на научници и експерти од индустријата кои ги споделуваат најновите информации за денешните апликации и даваат преглед на идните перспективи. Покрај тоа, Cryo-Save на сите семејства со историја на специфични болести ја нуди Програма за бесплатна семејна донација: Cryo-Save ќе ги обработи и зачува матичните клетки од папочната врвца на новороденчето се додека е потребно, без никакви трошоци за семејствата со ризик.

Наша мисија, визија и вредности

Основана во 2000 година, Cryo-Save сега работи во над 70 земји, на шест континенти, со ултра-модерна обработка и лаборатории за складирање во Белгија, Германија, Дубаи, Индија и Јужна Африка