Cryo-Save logo CryoSave

Нашиот медицински тим


Нарачај инфо пакет Кликнете овде!

  • Нашиот медицински тим

    Нашиот медицински тим

    Работењето на Cryo-Save е поткрепено со силна медицинска експертиза благодарение на мрежата на доктори и медицински професионалци посветени на поддршката на нашите активности. Секој еден од нашиот медицински персонал верува дека матичните клетки кои ги чуваме за Вас, значително ќе придонесат во блиска иднина за третман на растечки број на болести.
  • Д-р Даница Алачка

    Д-р Даница Алачка

    Д-р Даница Алачка (Македонија) дипломирала на Универзитетот во Скопје, Македонија. Д-р Алачка беше избрана за “Најдобар доктор на годината” од Македонската лекарска комора. Таа има одлични медицински познавања и голем интерес за целуларна и регенеративна медицина.
  • Д-р Јакобс Пеплер

    Д-р Јакобс Пеплер

    Д-р Јакобс Пеплер, (Јужна Африка) е нашиот медицински советник во Јужна Африка. Д-р Пеплер практикува медицина веќе 22 години со посебен интерес во областа на анестезијата и хирургијата. Тој, исто така, има остварено значајни достигнувања во неговата кариера и објавил бројни документи за престижни медицински списанија. Д-р Пеплер ја завршил својата специјализација на Stellenbosch во 1980 година и завршил МБА во 1998 година.
  • Д-р Асен Пачејиеф

    Д-р Асен Пачејиеф

    Д-р Асен Пачејиеф, (Бугарија) е доктор на медицина и талентиран лингвист кој зборува најмалку пет јазици. Тој во моментов е регионален менаџер за Cryo-Save Бугарија. Има објавено многу трудови и учевствувал во многу други медицински публикации. На дневна основа, д-р Асен е вклучен во развојот на бизнисот за бугарскиот пазар.
  • Проф Д-р. Дотт. Стефано Гроси

    Проф Д-р. Дотт. Стефано Гроси

    (Италија) е лекар специајлист по гинекологија и акушерство и хумана ембриологија. Од 1988 година кога е основана, професор Гроси е еден од членовите на Асоцијацијата на истражувачи за хумана репродукција. Професор Гроси има објавено бројни клинички студии во главните меѓународни медицински списанија, специјализирани во областа на инфертилноста. Неговата работа го отвори патот за ICSI и резултираше со значаен чекор во третманот на тешка олигоастеноспермија.
  • Д-р . Роксана-Анка Макрин

    Д-р . Роксана-Анка Макрин

    Д-р . Роксана-Анка Макрин (Романија) дипломирала на Медицинскиот универзитет во Букурешт. Д-р Роксана-Анка има учествувано во неколку курсеви поврзани со матични клетки и ткивен инженеринг. Таа има големо искуство во индустријата за здравствени услуги.
  • Д-р Маркус Риек

    Д-р Маркус Риек

    Д-р Маркус Риек, (Швајцарија) специјализирал интерна медицина. Неговите специјализации во ендокринологијата и дијабетологија се завршени во Инселспитал (Берн) и Хамерсмит болница (Лондон). Тој има долгогодишно искуство во областа на чување на крв од папочна врвца.
  • Д-р Сели Снајман

    Д-р Сели Снајман

    Д-р Сели Снајман (Сенит), FRCA, (Англија) завршила медицински факултет на Универзитетот во Лондон и специјализирала анестезиологија (FRCA, Лондон). Таа има работено како клинички анестезиолог во Велика Британија, Швајцарија и Јужна Африка, а исто така има искуство во регулаторни работи и управување со квалитет во областа на медицински помагала во Европа и САД. Таа е одговорно лице за активностите на Cryo-Save лабораторијата во Белгија од октомври 2009 година.
  • Елена Никифороу, MBBS

    Елена Никифороу, MBBS

    Елена Никифороу, MBBS, BSc (Hons) MRCP, дипломирала на Универзитетот во Лондон (УКЛ) во 2004 година и моментално е во нејзината завршна година на Курсот за ревматологија во Кембриџ Универзитетската болница. Таа доби Прва класа достигнувања за нејзината магистерска работа по физиологија во 2002 година, како и награда од Британското фармаколошко здружение и Wellcome Trust стипендија за нејзините истражувања на минералокортикоидните рецептори. Има завршено различни медицински практики ротирајќи како помлад лекар во многу болници низ Лондон пред да започне кариера во областа на ревматологијата. Нејзиниот истражувачки интерес се структурните оштетувања кај ревматоидниот артритис и работи на двeгодишни докторски истражувања на УКЛ. Таа, исто така, има голем интерес за медицинска едукација и има стекнато сертификат за последипломски студии по медицинско образование од Универзитетот во Данди (2011).
  • Марчин Јурга, доктор на медицински науки

    Марчин Јурга, доктор на медицински науки

    Марчин Јурга, доктор на медицински науки (Полска), во моментов работи како Cryo-Save истражувач и менаџер за развој, базиран во референтната лабораторијата во Ниел, Белгија. Марчин Јурга дипломирал на Универзитетот Варшава во Полска и завршил докторат на Медицинскиот Институт за истражување на Полската академија на науките. Марчин се специјализирал повеќе од 10 години во полето на неуробиологијата, возрасни матични клетки, ткивен инженеринг, регенеративната медицина и диференцијација на матични клетки. Марчин постигна рекорд на научни публикации со над 20 рецензирани трудови, 2 поглавја на книги и над 60 презентации со предавања. Марчин Јурга има искуство во управување со мултицентрични истражувачки проекти и подготовка на клинички испитувања во регенеративната медицина со матични клетки. Марчин добил неколку престижни награди на пример, награда на полскиот Совет на министри во 2008 година; Стипендијата СТАРТ за најдобар млад полски научник доделена од страна на Фондацијата за полска наука во 2007 година и бројни интернационални стипендии (на пример NIH, IBRO, FENS, ESTIV). Марчин е рецензент на повеќе научни списанија и грант комитети.