Cryo-Save logo CryoSave

Нашиот процес

Зачувајте крв од папочна врвца со нас!

Еднаш кога ќе одлучите да ги сочувате матичните клетки на Вашето дете во Cryo-Save, можете да побарате информативен пакет, да ги комплетирате потребните документи, да го потпишете договорот и потоа да го вратите кај нас. Како опција, едноставно можете да ја направите нарачката онлајн. Потоа, консултирајте ја болницата или клиниката каде планирате да се пораѓате и прашајте за зачувување на матични клетки од крв и колекција на ткиво од папочна врвца. Запаметете дека колку порано донесете одлука, толку повеќе ќе имате време да ги соберете вистинските податоци за процедурата која ќе Ви гарантира ефикасно зачувување на матични клетки од крв од папочна врвца без компликации.

Пред пораѓање

Вие ќе добиете наш кит за колекција, што ќе му овозможи на Вашиот доктор или акушерка да собере крв од папочна врвца и /или ткиво од папочна врвца. Бидете сигурни да го понесете со Вас во болница на денот на пораѓање и да го информирате медицинскиот персонал за избраниот пакет, правејќи го зачувувањето на матичните клетки лесно и ефикасно.

Веднаш после раѓањето

Примерокот ќе биде подигнат од сертифициран интернационален курир и доставен до нашите ултра модерни лаборатории за процесирање. Во оваа фаза, ние исто така спроведуваме серолошки тестирања на мајката - барања согласно легислативата и потребни согласно одредени акредитациони тела како што се ААВВ и FACT.

Крвта се колектира со стандардна колекција на крв од мајката на денот на пораѓање и доставување на примерокот крв/ткиво од папочна врвца во Cryo-Save ткивната банка. Примерокот од крвта ќе биде задолжително тестиран за HIV-1 и -2, хепатитис В вирус (HBV), хепатитис С вирус (HCV), хуман Т-лимфотропен вирус Тип 1 (HTLV-1) и сифилис.

Спроведување на овој тест значи постигнување на повисоко ниво на заштита на здравјето на луѓето. Превенција и можно пренесување на болест од мајката на детето на овој начин може да биде многу полесно детектирана со што се намалува ризикот ако е/се присутни болест/и.

Процесирање и чување на примерокот

Во нашата лабораторија, примерокот ќе биде процесиран, прегледан и подготвен за чување на матичните клетки. Ќе Ви биде издаден сертификат со уникатен број кој кореспондира со матичните клетки на Вашето бебе.

Критичен елемент кај секоја успешна трансплантација на матични клетки е бројот на матични клетки трансплантирани во пациентот. За тековните апликации кои воглавно се крвни и пореметувања поврзани со крвта, матичните клетки треба да бидат околу 20-35 милиони вкупен број нуклеарни клетки (TNC) на килограм телесна тежина. Како и да е, бројот на добиени клетки во процесот на колекција може да падне под овој лимит, што значи дека примерокот може да не биде употреблив за третман. Во ваков случај, одлуката да се продолжи чувањето на матичните клетки е целосно Ваша. Cryo-Save ги мониторира и учествува во последните клинички испитувања, за да се осигура дека во иднина, од сите примероци може да се обезбеди оптималниот број на клетки - дури и за оние кои се под овие лимити.

Запаметете дека колекција на крв и ткиво од папочна врвца е неинвазивна и неризична процедура. Лесна е и одзема само неколку минути и е комплетно безбедна и за мајката и за детето. Колекцијата не интерферира со нормалниот процес на пораѓање.