Cryo-Save logo CryoSave

Нашите капацитети

CRYO-SAVE, УЛТРАМОДЕРНИ ЛАБОРАТОРИИ ЗА
ОБРАБОТКА И ЧУВАЊЕ


Нарачај инфо пакет Кликнете овде!

Зачувајте ги матичните клетки користејќи ги ултрамодерните лаборатории за обработка и чување на Cryo-Save во Белгија, Германија, Дубаи, Индија и Јужна Африка. Ние настојуваме да бидете сигурни дека сите наши банки ги исполнуваат највисоките стандарди за квалитет и се соодветно акредитирани. Сите Cryo-Save лаборатории се должни да ги достигнат или надминат национално и меѓународно предвидените правни стандарди.

Со изборот на Cryo-Save за зачувување на матични клетки, Вие правите сигурен избор. За повеќе информации за нашите лаборатории, објекти и процесот на зачувување на матични клетки Ве покануваме да ги посетите нашите лаборатории на www.cryo-save.com/labs.

Експерти за чување и обработка

Целиот процес, од колекција на примерокот преку транспорт, обработка, тестирање, замрзнување, чувување до ослободување за терапја, е високо мониториран и контролиран. Менаџментот за квалитет на Cryo-Save е структуриран во согласност со ISO 9001, AABB и FACT упатствата кои се користат за регулирање на банки за матични клетки од папочна врвца. Нашиот менаџмент систем за квалитет користи специјални врвни техники за да се обезбеди целосно следење од клиентот до лабораторијата и капацитетите за чување.

Ние ги обработуваме сите примероци со помош на целосно автоматизиран систем без ризик од контаминација. Редукција на волуменот на примерокот крв од папочна врвца пред криопрезервација е префериран метод кој се применува во повеќето јавни, приватни и семејни банки за матични клетки во светот. За трансплантација на хематопоетски матични клетки, потребни се само бели крвни клетки кои го претставуваат главниот терапевтски потенцијал. Со автоматската техника на обработка се зачувуваат исто така и високо незрелите матични клетки со потенцијална апликација за третман на не хематопоетски болести.

Вашиот примерок се одржува безбедно се додека може да е ви биде потребен. Со целосно родителско барање и согласност, многу примероци веќе се ослободени од нашите капацитети за третмани. Во некои случаи, и повторно со целосно родителско барање и согласност, ние исто така, ословодуваме примероци за истражувачки цели, докажувајќи дека унапредувањето на работа за развој на идни третмани е суштински елемент во работењето на Cryo-Save.