Cryo-Save logo CryoSave

Што правиме

Зачувај матични клетки со лидерите во оваа индустрија, Cryo-Save.

Зошто?

Бидејќи ние сме експерти во собирање, обработка и чување на хумани возрасни матични клетки, со над 10 години искуство во приватно чување на папочна врвца. Ние работиме на зачувување на два вида на матични клетки:

  • Хематопоетски матични клетки, добиени од крв од папочна врвца и
  • Мезенхимални матични клетки, добиени од ткиво од папочна врвца.

По успешното собирање при пораѓање, матичните клетки безбедно се транспортираат до една од нашите ултрамодерни лаборатории за да се обработат пред да се замрзнат со контролиран процес, а потоа се чуваат на температура под -170 º C. Примероците се одржуваат безбедно во нашата ултрамодерна лабораторија за обработка на крв и ткиво, а потоа се чуваат до 25 години.

Ако зачувате матични клетки со нас, тие се ваши и достапни во секое време, доколку Ви затребаат. Денес се проценува дека матичните клетки може да се користат во третман на повеќе од 70 заболувања.

Cryo-Save гарантира највисоки стандарди за квалитет за сите аспекти на процесот. Транспортот, подготовката и сигурноста на матичните клетки од папочната врвца од Вашето дете се преземаат од посветени, квалификувани професионалци.

Се што правиме е основано на најстрогите научни и индустриски стандарди за чување на матични клетки. Нашата посветеност кон совршенство и научен развој се рефлектира во посветеноста и професионализмот на нашите вработени, со долгогодишно искуство во чување на матични клетки од папочна врвца. Над 100 примероци ослободени за третман или истражувачки цели се доказ за тоа како ние работиме!

Зачувајте матични клетки со Cryo-Save банка за крв и ткиво од папочна врвца.