Cryo-Save logo CryoSave

? често
поставувани
прашања

Зборувај со стручно лице! Контактирајте не нa + 38971389717

Зошто да ги зачувам матичните клетки од моето дете? Прикажи ги сите Сокриј ги сите

  • ?
    Дали вреди да ги зачувам матичните клетки на моето дете?
    Хематопоетските матични клетки (HSCs) во моментов се користат за лекување на повеќе од 70 крвни и болести поврзани со крвта. Мезенхималните матични клетки (MSCs) се користат во регенеративната медицина, со крајна цел да ги заменат, поправат или регенерираат живите, функционални клетки или ткива. Матичните клетки активно се истражуваат за лекување на бројни болести, како церебрална парализа, дијабетес тип 1, мозочни нарушувања, срцеви болести, авто-имуни нарушувања, нарушувања на работата на црниот дроб, невролошки болести итн.
  • ?
    Зошто да ги зачуваме матичните клетки од крвта од папочната врвца на моето бебе ако постојат алтернативи на чувањето крв од папочна врвца?
    Постојат други алтернативи за зачувување на матични клетки како што се чување на матични клетки од коскена срцевина како и од периферна крв. Сепак, матичните клетки од папочна врвца имаат бројни предности: тие се најмладите и најефикасни матични клетки во човечкото тело кои се релативно отпорни на болести; неинвазивна е постапката за нивно собирање и тие се веднаш достапни.
  • ?
    Зошто да се мачам да зачувувам матични клетки при раѓањето ако научниците можат да создадат плурипотентни матични клетки?
    Создавање на т.н. индуцирани плурипотентни матични клетки (IPS) од сопствени ткива на пациентот е корисна алатка во лабораториското истражување кое се наоѓа во рана фаза и кое помага да се разбере болеста на пациентот. На пример, во иднина може да биде возможно да се користат IPS за да се развијат лекови против конкретна болест. Сепак, потребни се многу години да се развие лек, и како такви IPS клетките се многу интересна област, но тие не може да се сметаат како алтернатива за клеточна терапија. Генетските манипулации потребни за да се создаде IPS значат дека тие во моментов не може безбедно да се пресадат. Од друга страна, со помош на матичните клетки од папочната врвца, веќе сме во состојба да лекуваме повеќе од 70 болести.
  • ?
    Дали матичните клетки од моето бебе може да се искористат за друг член на семејтвото?
    Матични клетки на вашето бебе може да се искористат за секој кој има генетска компатибилност, како што е брат или сестра. Матичните клетки од роднина (по можност брат или сестра) се обично првата опција при трансплантација кога станува збор за извор на матични клетки. Кај најголемиот дел од алогените трансплантации се користат матични клетки од член на семејството.
  • ?
    Која е разликата помеѓу матични клетки земени при раѓање и матични клетки земени во зрелата возраст?
    Матичните клетки собрани при раѓањето се најмладите "возрасни матични клетки". Тие се имунолошки незрели и не предизвикаат ист имунолошки одговор, на тој начин овозможувајќи безмалку совршена компатибилност на ткивото и зголемување на шансите за успешна трансплантација. Тие исто така поседуваат поголема способност да се делат и диференцираат споредено со "постарите" возрасни матични клетки.

Процедура на колекција и чување Прикажи ги сите Сокриј ги сите

  • ?
    Дали раѓањето на бебето може да се промени или одложи за успешно собирање на крв од папочна врвца и / или папочно ткиво?
    Колекцијата на крв од папочна врвца и / или папочно ткиво не интерферира со процесот на раѓањето ниту го менува начинот на кој акушерот го породува детето.
  • ?
    Дали зачувувањето на крв или ткиво од папочна врвца е болно или опасно за мене и за бебето?
    Не, воопшто. Колекцијата се случува веднаш по раѓањето, откако папочната врвца меѓу мајката и детето ќе се пресече. Колекцијата е едноставна, трае неколку минути и е сосема безопасна и за мајката и детето.
  • ?
    Дали постои поврзаност помеѓу волуменот на собраната крв и бројот на матични клетки?
    Во принцип, постои директна корелација помеѓу волуменот на крв и бројот на матични клетки. Меѓутоа, во поединечни случаи постојат и исклучоци. Но, општо правило е дека колку е поголем волуменот на собрана крв, толку повеќе има матични клетки.
  • ?
    Што се случува со зачуваните матични клетки по истекот на 20 години?
    Кога договорот ќе истече, сопственикот (сега веќе возрасен) ќе биде известен и ќе му се понуди продолжување на на истиот. Во спротивно, клетките ќе бидат уништени или донирани за развој со претходна негова/ нејзина дозвола.
  • ?
    Како да бидам сигурна дека Cryo Save работи во согласност со најновите стандарди за квалитет?
    Cryo-Save гарантира највисоки стандарди за квалитет во однос на транспортот, подготовката и сигурноста на зачуваните матични клетки на вашето дете. Ние сме официјално акредитирани од страна на холандското Министерство за здравство, добросостојба и спорт како „Лиценцирана банка за органи и ткива“ за собирање, обработка, конзервирање, складирање и пуштање во употреба на матични клетки од папочна врвца.

Зошто да ги зачувам матичните клетки од моето дете? Прикажи ги сите Сокриј ги сите

  • ?
    Дали сопствените матични клетки би можеле да се користат во случаи кога болеста има генетско потекло?
    Ако детето има генетска болест, како што е на пример српестата анемија, матичните клетки ќе имаат ист генетски дефект. Во случаите во кои автологни (сопствени) матични клетки не може да се користат, следната најдобра опција се матичните клетки од брат или сестра.
  • ?
    Колку примероци од приватните банки за матични клетки се употребени за успешни третмани на болести?
    Проценето е дека приватните банки за матични клетки пуштиле во употреба околу 600 примероци на матични клетки за автологни трансплатации, трансплатации кај браќа и/или сестри, роднини. Најголемиот број потекнуваат од САД, Cord Blood Europe (непрофитна организација на врвните банки за матични клетки во Европа) објавила статистика за 45 примероци пуштени во употреба.
  • ?
    Кои фактори одлучуваат дали примерокот е компатибилен за близок роднина? Кои се шансите за компатибилност?
    Компатибилноста зависи од хуманиот леукоцитен антиген (HLA). Брат/сестра имаат 25% шанса за совршено поклопување, но бидејќи трансфузијата не бара совршена компатибилност, шансите примерокот од брат/сестра да се употреби се околу 40%. Родителите имаат околу 12,5% можност за совршена компатибилност.
  • ?
    Дали крвната група има некаква врска со HLA компатибилноста?

    Не, овие два параметри не се поврзани. Групирањето на крвта се прави и се поврзува доколку е тоа возможно, но поважно е HLA поклопувањето. Волуменот на трансфузирана крв е мал и несофпаѓањето на АВО (крвната група) обично не претставува проблем, но сепак постојат посебни протоколи за подготовка на единици чиј АВО не се совпаѓаат1.

    1"How do I approach ABO-incompatible hematopoietic progenitor cell transplantation?" Jennider Daniel-Johnson, Joseph Schwartz, Transfusion 2011; 51:1143-1149

  • ?
    Колкави се шансите поединецот да ги искористи матичните клетки пред 20-та година од животот?

    Во моментов, шансите дека некој ќе има потреба за трансплантација на (сопствени или од донатори) матични клетки поради крвни или крвно поврзани болести, пред 20-та година се околу 1 во 1700, додека пак до возраст од 70 години шансите се зголенуваат на 1 во 200. Сепак, овие податоци не ги вклучуваат потенцијалните терапии кои користат матични клетки и кои може да бидат развиени во иднина.2.

    2Nietfeld, J. J., et al. “Lifetime probabilities of hematopoietic stem cell transplantation in the US.” Biol Blood Marrow Transplant 14.3 (2008): 316-22. Print.