Cryo-Save logo CryoSave

ПОЛИСА ЗА ПРИВАТНОСТ

Зборувај со стручно лице! Контактирајте не нa + 38971389717

Ваша согласност со оваа полиса за приватност

Ве молиме внимателно прочитајте ја нашата полиса за приватност. Ние сме обврзани за заштита на приватноста на информациите што ги добиваме од Вас, по Вашата употреба на овој портал. Ние имаме имплементирано општо прифатени стандарди за технологија и оперативна безбедност, со цел да ги заштитиме приватните т.е. податоците за Ваша лична идентификација од губење, погрешна употреба, промена или уништување. Со употреба на овој портал Вие се согласувате со колекција, употреба и чување на Вашите информации од наша страна, од аспект претходно опишан во нашата полиса за приватност. Доколку не се согласувате со некој од условите во оваа полиса за приватност, Ве молиме не давајте било какви лични информации на овој портал.

Собирање на лични информации

При посета на нашиот портал, Вие ќе бидете во можност оставите лични податоци, што ќе Ви овозможи користење на услугите што ние ги нудиме, како што се барање на дополнителни информации или online (електронско) регистрирање. Овие податоци може да содржат информации, со чија помош може да се идентификувате, како на пр.: име, улица, телефонски број, информација за кредитна картичка, e-меил адреса или некоја друга лична информација за идентификација. Бидете сигурни дека доколку Вие доброволно не ги изнесете овие податоци, ние нема да прибереме никаква информација од Вашите посети на нашиот портал.

"Колачиња"

Овој портал може да користи колачиња за Ваша идентификација и содржини кои Ве интересирале при посета на овој портал. Колачињата се мали делови од текст зачувани на Вашиот компјутер, кои ни помагаат во откривањето на тоа - кој пребарувач сте го користеле, што сте прегледувале на нашиот портал и на страниците со кои сте се поврзале со цел користење на некои од опциите. Информацијата ни помага во подобрување на порталот во корист на нашите корисници. Колачињата исто така ни откриваат дали сте се регистрирале кај нас, со што ни овозможувате да го поврземе Вашето сегашно со претходно користење на овој или порталот на другите филијали. Со прифаќање на нашето колаче, ќе Ви биде дозволен пристап до одредени страници на овој портал без да има потреба од повторно регистрирање при секоја Ваша посета. На корисникот кој нема да го прифати колачето, можеби нема да му биде овозможен пристап до одредени локации на овој портал. Ние исто така водиме евиденција за IP адресите или локацијата на компјутерите на Интернет, со цел подобро дијагностицирање на проблемите на нашиот сервер и грижа за порталот.

Употреба на Вашите лични информации

Ние ќе ги користиме личните информации добиени од Вас, за цели кои се наведени, кога Вие ги оставате истите. Ние може да ја употребиме адресата или телефонскиот број за повремено информирање за нашите нови производи, услуги или настани. Вашата адреса или телефонски број исто така може да бидат користени за да Ве контактираме за бараните информации. Ние нема да ги откриеме, продадеме, издаваме или даваме на користење Вашите лични информации на друго лице, организација или ентитет, освен во крајна потреба, со цел да Ви обезбедиме информации или услуги кои сте ги барале. Доколку станете Cryo-Save клиент, ние ќе ги споделиме информациите кои Вие ни ги доставувате, со нашите бизнис партнери, со цел обезбедување на услугите кои сте ги барале. Ние ќе споделиме некои од Вашите контакт информации со нашиот сервис за транспорт, со цел превземање и испорака на Вашиот примерок на крв од папочна врвца. Ние ќе споделиме некои од Вашите контакт информации со лабораторијата, која ја користиме за обработка и тестирање на Вашиот примерок, како и негова криопрезервација. Како општо правило, ние нема да ги откриеме Вашите лични податоци на трета страна за цели кои не се поврзани со услугите кои ние ги нудиме. Дополнително, во одредени ограничени околности, Cryo-Save може да биде присилен од страна на правните органи, да ги открие Вашите лични информации како одговор на судска наредба, закон или правна регулација.

Е-меил

Кога ќе го користите нашиот портал Вие ќе имате можност да комуницирате со нас преку е-меил. Пред да направите нешто од тоа, Ве молиме бидете свесни за ограничената доверливост на електронските формулари и електронските пошти. Информациите кои ги разменувате со нас преку овие средства за комуникација може да не се безбедни. Ние ги собираме е-меил адресите добиени од посетителите на нашиот портал, од е-меил пораките адресирани до нашата компанија или нашите вработени или преку учество на посетителите во анкети и регистрации на сајтот. Ние може да ги искористиме е-меил адресите за информирање на заинтересираните лица за новитетите што се однесуваат на нашите производи, настани, услуги или други области од интерес. Дополнително, ние може да ги искористиме е-меил адресите за информирање на посетителите за најновите надградби на нашиот портал, за пласирање на новитети кои се однесуваат на нашите производи, услуги или билтени. Ваквите употреби можат да бидат имплементирани од страна на самиот Cryo-Save или трета страна ангажирана од Cryo-Save за таа цел.

Менување на Вашите лични информации

Ние сакаме да бидеме сигурни дека контакт информациите кои Вие ни ги давате се точни и редовно обновувани. Вие исто така имате право да побарате од нас да ги избришеме овие конаткт информации. За да направите промени во Вашите лични или контакт информации или да побарате од нас бришење на истите кои сте ни ги доставиле преку веб порталот, Ве молиме да ни испратите е-меил, пишете ни или јавете се во нашиот контакт сервис за клиенти.

Промени во нашата полиса за приватност

Ние повремено можеме да ја смениме оваа полиса за приватност. Ние ќе Ве известиме за секоја промена, па Ве молиме повремено да проверувате.