Cryo-Save logo CryoSave

Речник на термини

  • Возрасни матични клетки

    Возрасни матични клетки:

    недиференцирани клетки кои може да се најдат во целото тело после ембрионалниот развој, кои се размножуваат со клеточна делба за да ги надополнат изумрените клетки и регенерираат оштетеното ткиво. Тие може да се најдат како кај младите така и кај возрасните животни и луѓе. Матичните клетки од возрасни организми може да бидат уни -потентни (да се претворат само во еден специфичен тип на клетка) или мултипотентни (да се претворат во различни типови на клетки). За разлика од ембрионалните матични клетки, употребата на возрасни матични клетки не се смета за контроверзна, бидејќи тие се добиени од возрасно ткиво, а не од уништени човечки ембриони.
  • Алел

    Алел:

    алели се различни верзии на еден ген. Секој алел се разликува во еден или повеќе параметри во редоследот на нуклеотидите (структурна единица на ДНК). Овие разлики се појавуваат со мутација во историјата на видовите или генетска рекомбинација. Сите алели на генот го окупираат истиот локус (позиција) на еден хромозом.
  • Алогени

    Алогени:

    клетки од донатор, друго лице, за разлика од автологните клетки, кои се добиени од сопственото тело.
  • Антиген

    Антиген:

    антиген може да биде "авто" и "не-авто"."Не-авто", антиген е супстанција / молекула која, кога се внесува во телото предизвикува производство на антитела од страна на имунолошкиот систем, кои потоа го убиваат или неутрализираат антигенот кој е препознаен како страно и потенцијално штетно тело. Овие напаѓачи може да бидат молекули, како што се поленот или клетки како што се бактериите. "Авто" антигените обично се толерирани од страна на имуниот систем.
  • Автологна

    Автологна:

    клетки од сопственото тело, за разлика од клетки од донатор.
  • Крв од папочна врвца (или крв од плацента)

    Крв од папочна врвца (или крв од плацента):

    крв која се наоѓа во плацентата и папочната врвца.
  • Единица крв од папочна врвца

    Единица крв од папочна врвца:

    Плацентарната крв собрана од папочната врвца овозможува подготовка на единица на плацентарна крв. Центрите за трансплантација зборуваат за единици крв од папочна врвца кои се користат од страна на примателите на транспланти. Употребата на плацентарната крв во вршењето на трансплантации првично беше ограничена само на деца. Денес, станува возможно од две единици на крв од папочна врвца да се добие количина доволна како графт за возрасен.
  • Ембрионални матични клетки

    Ембрионални матични клетки:

    клетки од ембрион стар од 5 до 7 дена, кои се способни да создадат повеќе од 200 типови на клетки претставници на сите ткива во телото. Овие матични клетки може да бидат тотипотентни или плурипотентни.
  • GVHD

    GVHD:

    значи "Graft Versus Host Disease" или Болест калем наспроти домаќин. Тоа е пост-трансплантациска компликација која се јавува кога клетките на имунолошкиот систем на донаторот го препознаваат телото на пациентот како страно и го напаѓаат. Тоа во случаите со трансплантација на матични клетки од крв од папочна врвца е многу ретка појава споредено со трансплантациите на коскена срж, што е голема предност бидејќи оваа болест има висок морталитет и морбидитет.
  • Хематопоетски матични клетки

    Хематопоетски матични клетки:

    клетки кои се претвараат во крвни клетки.
  • ХЛА

    ХЛА:

    хуман леукоцитен антиген. Човечките леукоцитни антигени се изразени на површината на клетката и ја овозможуваат идентификацијата на клетките од страна на имунолошкиот систем.
  • ХЛА компатибилност

    ХЛА компатибилност:

    Системот ХЛА или главниот хистокомпатибилен комплекс (МХК) е систем кој му овозможува на телото и неговиот имунолошки систем да го разликува своето (на пример, ткиво) од туѓото (вирус, бактерии и графтови). Елементите кои го немаат точниот тип на ХЛА ќе бидат нападнати од страна на имуниот систем. Секое човечко тело има свој ХЛА тип кој е високо полиморфен меѓу поединците. За време на трансплантацијата, ХЛА компатибилноста е од клучно значење за да се спречи отфрлање на трансплантот. Матичните клетки v 4.0 - 5/45
  • Индуцирани плурипотентни матични клетки

    Индуцирани плурипотентни матични клетки:

    индуцирани плурипотентни матични клетки или IPS клетки се матични клетки што се создадени од возрасни клетки како клетки на кожа, црн дроб, желудник или други зрели клетки преку внесување на гени кои ја репрограмираат клетката и ја трансформираат во клетка која ги има сите карактеристики на ембрионална матична клетка. Терминот плурипотентни се однесува на способноста на клетката да се претвори во повеќе типови на клетки, вклучувајќи ги и сите три ембрионални лози кои ги формираат органите на телото, нервниот систем, кожата, мускулите и скелетот. Досега, индуцираните плурипотентни матични клетки се чини дека ги покажуваат истите клучни карактеристики на ембрионалмите матични клетки.
  • Мезенхимални матични клетки

    Мезенхимални матични клетки:

    мезенгималните матични клетки или MSC, се не-хематопоетски мултипотентни прогениторни клетки. Тие се способни за претворање во повеќе типови на клетки (клетки на масно ткиво, 'рскавица, коска, мускули, нерви...) и способни се за намалување на имунолошкиот отпор. Мезенхимални матични клетки беа првично идентификувани во коскената срцевина, но исто така може да се добијат и од други ткива: масно ткиво, плацентната крв, папочната врвца, амнионска течност, синовија, периостот и перихондриум. Овие се атхерентни клетки со фибробластичен изглед, не се фагоцитни и нивниот број се намалува со возраста.
  • Мултипотентни матични клетки

    Мултипотентни матични клетки:

    се неспецијализирани клетки кои имаат способност за само-обновување низ долг временски период и се претвораат во специјализирани клетки со специфични функции. Потенцијалот за нивно специјализирање е ограничен и тие се ориентирани на производство на одредени типови на клетки. Тие се разликуваат од матичните клетки, како и плурипотентните кои може да се претворат до речиси било кој тип на клетки.
  • Плурипотентни матични клетки

    Плурипотентни матични клетки:

    плурипотентни матични клетки, често се нарекуваат "вистински" матични клетки, бидејќи тие имаат потенцијал да се претворат во речиси секој тип на клетка во телото. Ова значи дека под соодветни околности, матична клетка, која е изолирана од ембрион може да произведе речиси било која клетка во телото. Сепак, по завршувњето на оваа фаза од ембрионалниот развој, матичните клетки го немаат овој неограничен потенцијал за развој во сите типови на клетки. Нивната плурипотентност се губи и тие само може да се претворат во одредени видови на клетки (мултипотентни).
  • Прогениторни клетки

    Прогениторни клетки:

    прогениторна клетка е биолошка клетка која како и матичната клетка, има тенденција да се диференцира во специфичен тип на клетка, но веќе е поспецифицирана од матичната клетка и е насочена да се диференцира во нејзината целна клетка. Најважната разлика помеѓу матичните клетки и прогениторните клетки е дека матичните клетки може да се реплицираат на неопределено време а прогениторните клетки може да се делат ограничен број пати. Сеуште постојат различни гледишта околу точната дефиниција и самиот концепт е сеуште во разој.
  • Матични клетки

    Матични клетки:

    биолошки клетки кои можат да се поделат и диференцираат во различни специјализирани типови на клетки, способни за самообновување, диференцирање во други типови на клетки и пролиферирање на култура. Матичните клетки се добиваат или од ембрионот или фетусот (ембрионални матични клетки) или од возрасно ткиво (возрасни матични клетки). Тие, исто така може да се добијат со трансфер на нуклеусот.
    Тотипотентни матични клетки: недиференцирани клетки кои теоретски можат да создадат цел организам; клетките од најпрвите клеточни поделби на оплодената јајце клетка (до 4 ден).

  • Папочна врвца

    Папочна врвца:

    Папочната врвца го поврзува бебето со плацентата во утробата на мајката. Таа преку крвта го носи кислородот до бебето. На почетокот се мислеше дека папочната врвца е составена само од крвни садови. Меѓутоа, научниците докажале дека ткивото помеѓу кожата и крвните садови – позната како "Wharton's Jelly" – е еден од најбогатите извори на мезенхимални матични клетки во човековото тело.
  • Унипотентни матични клетки

    Унипотентни матични клетки:

    клетки кои се одговорни само за еден тип на диференцирани клетки.