Cryo-Save logo CryoSave

Сведоштва


Нарачај инфо пакет Кликнете овде!

  • БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

    Душко Тошиќ ("Електро-Бијелина", 33)
    Данијела Тошиќ (менаџер за патен транспорт, 32)

    Една од причините поради која избравме да зачуваме матични клетки е постојаниот напредок во регенеративната медицина и веруваме дека постои голем потенцијал третманите со матични клетки да станат стандардна клиничка практика во иднина. Информациите во медиумите за успешни третмани со матични клетки ни помогнаа во донесувањето на одлуката. Други позитивни мислења од светските лидери и верски групи кон регенеративната медицина и користењето на возрасни матични клетки придонесоа да веруваме дека матичните клетки ќе бидат исто толку важни во овој век како што бил пеницилинот во 19-от век.

    Пред три години кога одлучивме да ги зачуваме матичните клетки на нашето дете, Cryo Save беше единствената банка за матични клетки која постоеше во нашата земја. Единствената алтернатива беше да одиме во странство, што само ќе ги зголемеше нашите трошоци. Денес, Cryo-Save е сеуште број еден во нашата земја и референтна точка за сите други банки за матични клетки. Целосната транспарентност во односите со клиентите и сите фази на услугата е солидна причина да веруваме во Cryo-Save. Сигурни сме дека го направивме вистинскиот избор.

    Сите идни родители би требало да зачуваат матични клетки од крв и ткиво од папочна врвца за да обезбедат подобра иднина за своето семејство. Матичните клетки и регенеративната медицина може да бидат една од најголемите области на медицината во иднина и ќе играат водечка улога во лекувањето на некои од најсмртоносните болести. Важно е да се напомене дека постапката за собирање на матичните клетки од крв и ткиво од папочна врвца е безболна и безопасна за бебето и мајката. На крајот, ако зачувате матични клетки Вие зачувувате еден од животните најскапоцени природни подароци кои можат да го излечат или да му помогнат на некој Ваш сакан.

  • БУГАРИЈА

    Пламен Петков (раководител на лабораторија, 36)
    Атанаска Маринова-Петкова (Главен доцент / научен соработник, 32)
    Васил Петков (осум месеци)

    Веруваме во зачувувањето на матични клетки бидејќи напредокот на медицинските истражувања е неверојатен. Почнувајќи од сега, матичните клетки се користат како третман за ограничен број на болести, но во следните 10-15 години тие може да станат рутински третман за многу болести. Сепак, сметаме дека сега е време да се зачуваат бидејќи нашето дете нема да има друга шанса да го стори тоа во иднина - барем не од крв и ткиво од папочна врвца.

    Ние ги избравме Cryo-Save, бидејќи тие се најсигурна компанија на бугарскиот пазар. Таа има значителен број на примероци зачувани од различни европски земји.

    Сметаме дека секој треба да зачува бидејќи секој треба да стори сè за да ги зголеми шансите за зачувување на здравјето на своите деца. Повеќето луѓе веруваат дека неизлечивите болести нема да се случат во нивните семејства. За жал, кога таква дијагноза ќе биде поставена, пациентот обично има ограничен временски период за да најде решение. Зачуваните матични клетки се едно можно решение во таква критична ситуација. Ние веруваме дека матичните клетки имаат потенцијал да станат такво решение за лекување.

  • ГРЦИЈА

    Кристос Калипсидис (воен офицер, 40),
    Политими Роиди (виша медицинска сестра, 42)
    Евгенија Калипсидис (шест години)
    Елефтериос Калипсидис (четири години)

    Веруваме во зачувувањето на матични клетки бидејќи го сакаме најдоброто за нашите деца. Денес матичните клетки се користат за лекување на многу болести поврзани со крвта и иднината дефинитивно изгледа многу поубава. Кога се проучуваат основните научни информации во медиумите, секој лесно може да види дека иднината е заснована на матичните клетки. Затоа ние не сакавме да ја загубиме оваа единствена можност.

    Ги избравме Cryo-Save за да ги зачуваме матичните клетки од нашите бебиња, бидејќи тие се најголема банка во Европа и најсигурна меѓу сите други банки во Грција. Нивните значајни акредитации ни дадоа чувство дека Cryo-Save знаат што прават. Нивниот придонес кон истражувањата со меѓународни научни соработки, нивното искуство со толку многу успешно зачувани примероци и што е најважно, со примероците кои тие веќе ги пуштиле во употеба за лекување беа многу важни фактори за нас.

    Сите треба да зачуваат матични клетки бидејќи веќе постојат бројни болести кои можат да се третираат, но, исто така, бидејќи тие се иднината на научната медицина. Денес, се појавуваат терапии во кои докторите користат матични клетки за да помогнат при обновување на телото на пациентите. Ова значи дека децата кои веќе имаат зачувани свои матични клетки би биле првите кои можат да имаат корист.

  • УНГАРИЈА

    Балаш Немет-Кис (истражувач на пазар, 34)
    Илона Немет- Кис (правник, 33)
    Даниел Немет- Кис (една година)

    Веруваме во зачувување на матични клетки бидејќи како родители сакаме да му дадеме на Дани сè што можеме. Дел од ова е можноста да ги зачуваме неговите матични клетки. Тоа е и една од причините зошто се пријавивме за да бидеме дел од Одборот на родители; да бидеме членови на заедницата преку која позитивниот став за зачувувањето на матични клетки може да се сподели со другите.

    Ги избравме Sejtbank / Cryo-Save, бидејќи сме оптимисти за иднината, но сепак подготвени за најлошото. Зачувувањето на матични клетки ни помага да се подготвиме за очајна здравствена ситуација која никој не сака да ја проживее. Во последните 10 години бројот на болести кои се третираат со матични клетки рапидно се зголеми. Со овој напредок, третманите со матични клетки ќе се подобрат и бројот на болести кои можат да се третираат со матични клетки ќе се зголеми.

    Сметаме дека секој треба да зачува матични клетки затоа што во напорот да дадеме сè за нашите деца, ние настојуваме да го избереме најдоброто за нив. Имавме позитивно искуство со Sejtbank / Cryo-Save и професионалните информации што ни беа дадени за услугата, нè убедија да ги избереме Sejtbank / Cryo-Save. Cryo-Save е најголемата компанија во Европа која нуди зачувување на матични клетки. Исто така тие ни ја понудија најоптималната понуда за нас: максимална удобност и сигурност за најмалку 20 години.

  • ИТАЛИЈА

    Лука Сапонаро (Финансиски советник, 33)
    Божидара Младенова Стефанова (Финансиски Брокер 28)
    Софија Сапонаро (3,5 години)
    Ана Сапонаро (11-месеци)

    Веруваме во зачувувањето на матични клетки бидејќи денес матични клетки може да се користат за лекување на многу болести преку замена на оштетените клетки и ткива. Во иднина, со научниот напредок ќе се зголеми и опсегот на болести и состојби кои може да се третираат со помош на матични клетки. Нивното зачувување во моментот на раѓањето е еднократна потенцијално животоспасувачка можност и подарок за нашите деца која може да трае цел живот.

    Ги избравме Cryo-Save поради добрата репутација меѓу квалификуваните оператори во здравствениот сектор. Cryo-Save лабораториите се лоцирани во срцето на Европа и се во согласност со европското законодавство. Покрај тоа, Cryo-Save има едноставни и лесни процедури и континуирано ги поддржува родителите низ целиот процес.

    Секој треба да зачува матични клетки, бидејќи веруваме дека родителите треба да го направат најдоброто за здравјето на нивните деца. Раѓањето е единствениот момент за колекција на матичните клетки и нивно долгогодишно чување во прифатлива банка за матични клетки. Секој родител треба да ги искористи предностите на оваа одлична можност да обезбеди поголема шанса за здравјето на своите деца.

  • ХОЛАНДИЈА

    Арно Коендерс (образовен специјалист, 34)
    Кирстен Коендерс -Страсхеијм (истражувачки техничар во одделот за човекова генетика, 33)
    Амбер Коендерс (осум месеци)

    Веруваме во зачувувањето на матични клетки бидејќи на тоа гледаме како здравствено осигурување за нашето дете. Матичните клетки може да бидат ветувачка алатка во третманот на болести, сега и во иднина.

    Ги избравме Cryo-Save, бидејќи со нашето истражување, дознавме дека Cryo-Save се најголемата компанија за матични клетки во Европа. Поради нивното искуство и голема количина на матични клетки кои веќе се чуваат таму, ние ги избравме Cryo-Save.

    Секој треба да зачува матични клетки бидејќи денес постојат веќе многу болести кои можат да се третираат со матични клетки. Истражувањата секојдневно продолжуваат и се очекува дека матичните клетки ќе бидат многу ветувачки во лекувањето на многу поголем број болести во иднина. Сметаме дека тоа е многу вредно да се направи и на тоа може да се гледа како на одлична можност да се осигура здравјето на детето.

  • СРБИЈА

    Милош Петровиќ (Економист, 35)
    Марија Петровиќ (Економист, 36)
    Лука Петровиќ (пет години)

    Веруваме во зачувувањето на матични клетки, бидејќи тоа е иднината на медицината. Со зачувување ние веруваме дека сме ги обезбедиле најдобрите можни шанси за доброто здравје на нашите деца.

    Кога зачувавме матични клетки во Cryo-Save, зачувувањето на матични клетки во Србија беше во почетен развој. Cryo-Save беше очигледен избор поради професионалниот пристап и генералниот став кон клиентите.

    Родителите треба да ги зачуваатматичните клетки од крвта и ткивото на папочна врвца на своите деца бидејќи со тоа тие ќе обезбедат најдобра можна шанса за нивните семејства. Медицината се повеќе се развива и никој не би сакал во одреден момент да дознае дека терапија е возможна само ако тие зачувале матични клетки. Ова е одлична можност за обезбедување на здрава иднина. Ние попрво би зачувале и никогаш да не ги употребиме, отколку да ги немаме, но да ни се потребни.

  • ШПАНИЈА

    Мигел Фернандез (Новинар, 31)br>Мара Петерсен (Новинар, 29)
    Ангела Петерсен (четири месеци)

    Веруваме во зачувувањето на матични клетки бидејќи сметаме дека може да бидат многу важни за иднината на здравјето на нашето бебе. Не само поради реалната употреба на матични клетки, но уште поважно, заради сите клинички испитувања кои се во тек и кои ќе донесат нови терапии во иднина; да се надеваме и за почестите заболувања како дијабетесот или церебралната парализа. Зачувувањето на матични клетки е нешто што треба да се избере внимателно бидејќи се избира за 20 години.

    Ги избравме Crio-Cord/Cryo-Save затоа што ни беше потребна банка на која можеме да и веруваме и сè што прочитавме за Crio-Cord/Cryo-Save ни даде чувство на доверба. Тие се број еден банка во Европа, голема организација, транспарентни и професионални. Се чувствуваме сигурно што зачувавме во Crio-Cord/Cryo-Save.

    Сметаме дека секој треба да зачува бидејќи различните можности понудени денес треба да бидат доволни за да ги убедат сите барем да ги донираат матичните клетки на нивното бебе. Кога ќе прочитате за идните можности и сè она што се очекува да се направи со матичните клетки во наредните години, сфаќате колку ова може да биде важно за Вашето бебе.