Cryo-Save logo CryoSave

Презервација на матични клетки од крв од папочна врвца

Матичните клетки од папочната врвца се колектираат во моментот кога се сече папочната врвца помеѓу мајката и бебето. Колекцијата е лесна, трае неколку минути и е потполно безбедна и за мајката и за детето. Воопшто не влијае на нормалното пораѓање и за разлика од колекцијата на адултни матични клетки, воопшто не е потребна инвазивна процедура.

По раѓањето, крвта од папочната врвца се превзема од сертифициран меѓународен курир и веднаш се доставува во нашите лаборатории за процесирање. Овде, примерокот се проверува и се подготвува за чување.

Процесот за одредување на квантитетот и квалитетот на клетките се врши со помош на високо модерна технологија.Потоа примерокот се дели во два контејнери кои се чуваат на температура под -170°С во гасна фаза на течен азот на две физички одделни локации за дополнителна безбедност.

Доколку добиениот примерок крв од папочната врвца не кореспондира со минимумалните барања, ние ќе оставиме на родителите да решат дали да се замрзне примерокот или не за да се избегнат дополнителни трошоци.

Заради безбедност и сигурност дека матичните клетки од вашето дете се чуваат индивидуално, тие ќе бидат идентифицирани со користење на уникатни бар кодови. Вие ќе добиете сертификат приближно 6 недели после пораѓањето. Ова е потврда дека клетките ќе Ви бидат брзо достапни доколку е потребно. Ние ќе ги чуваме матичните клетки до 25 години. После тој период, Вашето дете може да одлучи само за себе дали ќе го продолжи или раскине договорот.