Cryo-Save logo CryoSave

Запознајте пријател со промоцијата! Кликнете овде!

Презервација на матични клетки од крв и ткиво од папочна врвца

  • Зачувување на крв од папочна врвца и дополнително чување ткиво од папочна врвца
  • Обезбеден кит за колекција
  • Презервација со користење на врвна технологија
  • Непосредно процесирање
  • Чување на температура под -170°C во криопрезервација
  • Уникатна идентификација на примерокот
  • Чување до дваесет и пет години

За разлика од крвта од папочната врвца, ткивото од папочна врвца примарно содржи ткивни матични клетки наречени мезенхимални матични клетки (MSCs). Овие клетки примарно се наоѓаат во таканаречената Вартонова слуз- богат извор на матични клетки.

Матичните клетки од ткивото од папочната врвца се колектираат во моментот кога се сече папочната врвца помеѓу мајката и бебето. Колекцијата е лесна, трае неколку минути и е потполно безбедна и за мајката и за детето. Воопшто не влијае на нормалното пораѓање и за разлика од колекцијата на адултни матични клетки, воопшто не е потребна инвазивна процедура.

По раѓањето, крвта од папочната врвца се превзема од сертифициран меѓународен курир и веднаш се доставува во нашите лаборатории за процесирање. Овде, примерокот се проверува и се подготвува за чување.

Процесот за одредување на квантитетот и квалитетот на клетките се врши со помош на високо модерна технологија.Потоа примерокот се дели во два контејнери кои се чуваат на температура под -170°С во гасна фаза на течен азот на две физички одделни локации за дополнителна безбедност. Ова е познато како криопрезервација.

Доколку добиениот примерок од папочна врвца не кореспондира со минимумалните барања, ние ќе оставиме на родителите да решат дали да се замрзне примерокот или не за да се избегнат дополнителни трошоци.

Заради безбедност и сигурност дека матичните клетки од вашето дете се чуваат индивидуално, тие ќе бидат идентифицирани со користење на уникатни бар кодови. Вие ќе добиете сертификат приближно 6 недели после пораѓањето. Ова е потврда дека клетките ќе Ви бидат брзо достапни доколку е потребно. Ние ќе ги чуваме матичните клетки до 25 години. После тој период, Вашето дете може да одлучи само за себе дали ќе го продолжи или раскине договорот.

Матични клетки од папочната врвца исто така ќе бидат колектирани кога е избрана оваа услуга