Cryo-Save logo CryoSave

Програма за бесплатно
чување на матични клетки

Како услуга за јавноста, Cryo-Save ја нуди Програмата за бесплатна семејна донација, преку која без никаков финансиски надомест на семејствата со член кај кого е дијагностицирарано тешко заболување кое може да се третира со матични клетки, им се нуди да ги зачуваат матичните клетки од папочната врвца од нивните новородени за потенцијален третман на болниот член. Ова вклучува болести како српеста анемија и некои форми на леукемија.

Оваа програма е специфично направена да им овозможи на семејствата кои имаат потреба од третман со матични клетки во блиска иднина за член од примарното семејство, да ги колектираат и зачуваат бесплатно матичните клетки од папочната врвца на нивните новородени.

За да се квалификува за оваа програма, кај членот од семејството мора да е дијагностицирана болест која може да се третира со матични клетки од крв од папочна врвца, да биде член на примарното семејство и да има согласност од онколог/хематолог дека матичните клетки можат да се користат за лекување. Ако семејството ги исполнува критериумите, Cryo-Save ќе обезбеди кит за колекција и процесирање и чување на примерокот од крвта од папочната врвца на новороденото, без никакви трошоци за семејството.

*Cryo-Save не е одговорен за трошоците наплатени од страна на медицински лица или од болницата кои се во врска со колекција на примерокот од крвта од папочната врвца на Вашето новородено или било какви трошоци за транспорт до нашата лабораторија.