Cryo-Save logo CryoSave

За матичните клетки


Чекори за зачувување! Кликнете овде!

Да се сочува крвта од папочната врвца во Cryo-Save значи да се презервираат и да се зачуваат матичните клетки од телата на возрасни и деца. Матичните клетки можат да бидат категоризирани согласно нивното потекло и типот на функционални клетки кои ги продуцираат.²

Помеѓу нив се хематопоетските матични клетки (HSCs) и мезенхималните матични клетки (MSCs), двата најчесто истражувани типови матични клетки. HSCs ги продуцираат сите клетки на крвниот и имуниот систем и се за прв пат идентификувани во коскената срцевина. MSCs се наоѓаат во различни делови од телото вклучувајќи коскена срцевина, мускул, коска, масти и други органи.

Овие важни возрасни матични клетки, во нивната најдобра форма, можат да се најдат во крвта од папочната врвца и ткивото од папочната врвца. Тие имаат најголема и најефикасна способност да продуцираат различни хумани ткива. При зачувувањето на матични клетки, колекцијата на крв и ткиво од папочна врвца се извршува многу лесно и без ризик за мајката или детето. Тие се криопрезервираат за да ја задржат максималната виталниост и функционалност.

Научните студии покажаа дека ткивото околу трите крвни садови во папочната врвца (врската на фетусот со мајката) содржи важни и со висок квалитет матични клетки идеални за зачувување. Супстанцата наречена Вартонолова слуз е богат извор на мезенхимални матични клетки кои се одговорни за формирање на коска, рскавица и други видови на сврзно ткивни клетки во нашето тело.³

Cryo-Save разви технологија за чување на крв и ткиво од папочна врвца со цел да го искористи овој богат извор на матични клетки во медицинска терапија.