Cryo-Save logo CryoSave

Зошто да ги зачувам матичните клетки?

ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА ГИ ЗАЧУВАТЕ МАТИЧНИТЕ КЛЕТКИ НА ВАШЕТО БЕБЕ

Зачувувањето на матични клетки од крв и ткиво од папочна врца од новороденчето е во пораст помеѓу семејствата. Во Cryo-Save нудиме семејно чување заради следниве причини:

  • Матичните клетки зачувани при раѓање се сметаат за "помлади" и со подобар квалитет од матичните клетки земени од телото подоцна во животот. Матични клетки од крв од папочна врвца се ветување и потенцијал за посупериотен јувенилен извор на клетки.
  • Автологното поклопување е загарантирано.
  • Братче или сестра би можеле да имаат корист од истиот примерок: тие имаат една во четири шанси за совршено поклопување и уште поголеми шанси кога би се земала во обзир трансплантација со користење на делумно компатибилни донори.
  • По зачувување на крв од папочна врвца, примерокот е достапен веднаш.
  • Примерокот останува во сопственост на детето под старателство од родителите.
  • Крв од папочна врвца е прифатен извор на матични клетки кои веќе се употребени за лекување на сите значајни малигни и немалигни болести кои можат да се третираат со трансплантација на коскена срцевина (КС)4
  • Мезенхимални матични клетки кои ги има во ткивото од папочната врвца се ветувачки во полето на клеточна терапија и ткивна регенерација. 5

Матичните клетки се премногу драгоцени за да бидат отфрлени.

Денес, околу 90% до 95% од папочните врвци се фрлаат по раѓањето. Cryo-Save е убеден дека чувањето на крв од папочна врвца е од суштинско значење и дека ткивото од папочна врвца би требало да се зачува или во приватна семејна банка или да се донира за јавна употреба или истражување. Ние цврсто веруваме дека овие важни клетки не треба да се третираат како отпад.