Cryo-Save logo CryoSave

Што ни носи иднината

Употребата на крв од папочна врвца особено се зголемила меѓу педијатриските пациенти во 1999 година. За половина од трансплантациите кај деца во 2011 година биле користени матични клетки од крв од папочна врвца:

МИСЛЕЊЕ НА ЕКСПЕРТИТЕ

Покрај моментално одобрените апликации за трансплантација на крв од папочна врвца, клиничките испитувања се на пат да ги подобрат резултатите и да развијат нови апликации.

Клиничките испитувања анализираат нови медицински третмани во поглед на нивната безбедност, ефикасност и потенцијалните негативни ефекти врз луѓе. Веб страната ClinicalTrials.gov е регистар кој ги содржи повеќето од тековните клинички испитувања спроведени јавно или приватно. Содржи повеќе од 4000 испитувања кои вклучуваат матични клетки со растечки број на клинички испитувања кои користат матични клетки од крв од папочна врвца, кој оди до повеќе од 200.8 испитувања. Ова се препишува на фактот дека се повеќе луѓе стануваат свесни и ја разбираат важноста на овие клетки.

Др. Марчин Јурга,

Др. Марчин Јурга, Менаџер на одделот за истражување и развој во лабораторијата во Нил, Белгија:

“Независно од тековните терапии кои користат хематопоетски матични клетки од крв од папочна врвца, има зголемен број на клинички испитувања кои користат мезенхимални матични клетки за третман на нехематопоетските болести, како ортопедски апликации, графт версус домаќин болест, срцеви болести, болести на црниот дроб, дијабетес, невролошки и многу други болести. Овие клетки исто така се користат во апликации за ткивно инженерство каде се создаваат вештачки органи во лабораторија за да се заменат оштетените ткива после трансплантацијата. Резултатите од овие испитувања и предклиничките истражувања ќе доведат во иднина до поефективни терапии со матични клетки.”

Проф. Др. Даниел Сурбек

Проф. Др. Даниел Сурбек, Оддел за гинекологија и акушерство, Болница Берн, Швајцарија:

“Доказите од последните студии предлагаат дека трансплантацијата на матичните клетки од папочна врвца може да се користи како третман за сериозни перинатални оштетувања на мозокот како резултат на предвремено раѓање или асфиксија при раѓањето. Трансплантираните матични клетки може да го регенерираат оштетеното нервно ткиво и функцијата на централниот нервен систем. Во тек се неколку клинички испитувања кај деца со церебрална парализа.”

Др. Ксаба Пап

Др. Ксаба Пап, професор по медицинска генетика, Универзитет Semmelweis, Будимпешта, Унгарија:

“Заедно со крвта од папочната врвца, зачувувањето на ткивото од папочната врвца не е само можност за обезбедување мезенхимални матични клетки, туку и можност за произведување други клетки кои се важни за идни терапии со матични клетки.”

8Барајте студии барај израз “матични клетки” ClinicalTrials.gov. Web. 28 Sept. 2012.